Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавуваат светските медиуми.
– Русија нема да ја користи „мировната формула“ на Володимир Зеленски како основа за преговори, веруваме дека Киев се уште не е подготвен за вистински мировни преговори – рече Лавров, пренесе руската новинска агенција РИА.
Лавров изјави дека „Зеленски ја негува илузијата дека со помош на Западот ќе постигне повлекување на руските трупи од територијата на Донбас, Крим, Запорожје и Херсонската област.
– Вклучува и исплата на воена отштета и предавање на функционери на меѓународен трибунал. Се разбира, во такви услови нема да разговараме со никого – додаде Лавров.
Тој изјави дека „Русија не се откажала од дипломатското решение на конфликтот.
– Потсетувам дека веднаш по почетокот на „операцијата“, Володимир Зеленски даде иницијатива да се седне на преговарачка маса. Се договоривме да се сретнеме со украинските претставници. „Неколку рунди преговори покажаа дека е можно да се најде договор, но преговорите покажаа недостиг на независност на Зеленски во донесувањето важни одлуки“, рече Лавров.
Лавров рече и дека идејата на Киев да ја истера Русија од источна Украина и Крим со помош на Западот е „илузија“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.