Лавров: Русија и Кина заедно создаваат чесен светски поредок

Сподели со своите пријатели

Пред состанокот со кинескиот колега Ванг Ли, рускиот министер за надворешни работи рече дека Москва и Пекинг работат заедно за да го отворат патот за „праведен светски поредок“.

Loading...

Ова е прва посета на Лавров на Кина откако Русија ја започна инвазијата на Украина кон крајот на февруари.

 

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

Во видеото објавено од руското Министерство за надворешни работи пред средбата, Лавров рече дека светот „минува низ многу сериозна фаза во историјата на меѓународните односи“.

На крајот од тој процес, Лавров рече: „ние, заедно со вас (Кина) и нашите симпатизери, ќе се движиме кон мултиполарен, фер и демократски светски поредок“.

Кина одби да ја осуди руската инвазија на Украина

Loading...

За разлика од многу земји, Кина одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Американските власти го обвинија Пекинг за „сигнализирање подготвеност“ да и помогне на Русија, и воена и економска.

 

Кои се најбезбедните земји во случај на Трета светска војна?

 

Американскиот претседател Џо Бајден ја спореди руската инвазија на Украина со кинеското насилно задушување на студентските протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

Кина и Русија се зближија во последните години. Рускиот претседател Владимир Путин беше присутен на свеченото отворање на Олимписките игри неколку недели пред почетокот на инвазијата на Украина.