Лавров: Прават заговор од мировните преговори

Сподели со своите пријатели

Се создава заговор околу темата за преговорите меѓу Русија и Украина, се прават обиди се да се изврти, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Loading...

Министерот потсети дека во последно време се презентирани доста хуманитарни, посреднички иницијативи.

Тој исто така додаде дека Русија е подготвена да одговори на сите сериозни предлози за решавање на украинската ситуација, тој став не е променет.

Лавров изјави и дека „сите топки“ во контекст на организацијата на преговарачкиот процес меѓу Русија и Украина одамна се на страната на Киев.

Покрај тоа, тој најави дека Москва е подготвена да разговара со пратеникот на Ватикан за украинското прашање, кој ќе ја посети Русија.

„Во моментов, напорите на Ватикан, чиј пратеник се подготвува повторно да дојде, се во тек. Подготвени сме да се сретнеме со сите и да разговараме со сите“, рече министерот за време на дискусијата на тркалезна маса за решавање на ситуацијата околу Украина.

Претходно советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак ја отфрли можноста Ватикан да посредува во решавањето на конфликтот во Украина поради наводната проруска позиција на папата Франциско.

Украина не сака да се почитуваат руските услови од договорот за храна

Лавров коментираше и дека кога станува збор за договорот за храна, Украина, како одговор на обидите за обновување на иницијативата на Црното Море, предлага „да се заборави на руската страна“.

Loading...

„Кога некои од нашите колеги, вклучително и шефовите на Секретаријатот на Обединетите нации, велат дека се ќе биде во ред со рускиот дел од договорот, никој не обрнува внимание на фактот дека режимот во Киев одговара: „Никогаш нема да се согласиме со обновување на овој договор на тој начин што руското жито и ѓубриво ќе бидат ослободени од незаконски санкции“, рече Лавров.

Во Москва се одржа тркалезна маса за решавање на украинската ситуација и на неа учествуваа претставници на дипломатски претставништва од над 30 земји, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.