Посетата на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, на Тајван е показател за непочитувањето на меѓународните норми од страна на САД, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Со посетата на Ненси Пелоси на Тајван, Вашингтон се обидува да ја докаже својата неказнивост пред целиот свет – посочи Лавров.
– Прават што сакаат – рече министерот.
Посетата на Ненси Пелоси на Тајван го одразува истиот пристап што Вашингтон го покажува во однос на ситуацијата во Украина – оцени Лавров.
Како што нагласи, не гледа друга причина за ваквото, како што рече, иритирачко дејство на САД, кои многу добро знаат што значи тоа за Кина.
Пелоси долета за Тајпеј во вторникот вечерта, а во средата наутро имаше средба со шефот на администрацијата на Тајван, Цаи Инг-вен.
Американската администрација, предупредена од кинескиот лидер дека „играњето со оган ризикува да се изгори“, го увери Пекинг за неговата посветеност на политиката „една Кина“, но се огради од посетата, велејќи дека Пелоси сама ги носи одлуките.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.