Лавров: Поседувањето нуклеарно оружје е единствениот одговор на Русија на заканите

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека руското поседување нуклеарно оружје е единствениот одговор на безбедносните закани, пренесе руската новинска агенција ТАСС, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Поседувањето нуклеарно оружје денес е единствениот можен одговор на некои од значајните надворешни закани за безбедноста на нашата земја“, рече шефот на руската дипломатија во интервју за државното списание „Международна Жизн“, објавено рано денеска на официјална веб-страница на Министерството за надворешни работи.

Минатиот месец поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека Москва ќе мора да употреби нуклеарно оружје доколку контраофанзивата на Украина против руските сили биде успешна.

Лавров рече дека САД и нивните сојузници во НАТО ризикуваат „ситуација на директен вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили“.

„Сметаме дека ваквиот развој на настаните треба да се спречи. Затоа мора да потсетиме на постоењето на високи воени и политички ризици и да испратиме отрезнувачки сигнали до нашите противници“, рече Лавров.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.