Лавров: Немаме што да разговараме со Западот

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им се обрати на новинарите во Бали по состанокот со колегите од другите земји од Г20.

Loading...

Лавров рече дека Русија е подготвена да преговара со Украина и Турција за извоз на жито, но останува нејасно кога и каде би можеле да се одржат тие преговори.

„Ако Западот не сака преговори, туку победа на Украина над Русија на бојното поле, тогаш веројатно немаме што да разговараме со Западот. Со таков пристап тие не и дозволуваат на Украина да го започне мировниот процес“, рече Лавров, јави руската прорежимска агенција РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам дека членките на ЕУ ќе ја следат

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.