Москва не исклучува никакви контакти со Вашингтон, но никој досега не понудил разумни иницијативи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Со сите овие разговори за тоа дали некој е подготвен да се сретне или некој не сака да се сретне со нас – тие (САД) се чини дека се убедуваат себеси“. Никого не молиме. Никогаш не одбивме никаков сериозен, разумен предлог за да останеме во контакт. Никој не нуди разумни иницијативи“, изјави шефот на руската дипломатија.
На прашањето дали неподготвеноста на американскиот претседател Џозеф Бајден да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин може да ги искомплицира работите на глобално ниво, Лавров, според агенцијата ТАСС, рече: „Воопшто не“.
Тој оцени дека ситуацијата, пред се во самите САД, е дојдена до точка каде што според него „едноставно не може да биде полошо“.
Прес секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека Бајден не планира да бара средба со Путин во оваа фаза (на кризата предизвикана од руската инвазија на Украина), но дека Вашингтон е подготвен да ги разгледа предлозите на Москва за размена на затвореници.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.