Лавров: Напредок во преговорите, Украина ја разбира реалноста за Крим и Донбас

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори со Украина и дека Москва го подготвува својот одговор на предлозите на Украина претставени на последната рунда преговори.

Loading...

По средбата во Њу Делхи со неговиот индиски колега, Лавров изјави дека нема конечно одобрени планови за преговори со Украина, но дека тие мора да продолжат, пренесува Интерфакс.

 

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

„Подготвуваме одговор. Има напредок, особено кога станува збор за признавање на неможноста Украина да биде блок земја, неможноста Украина да бара среќа во Северноатлантската алијанса, ненуклеарен, не-блок неутрален статус – ова е што сега се препознава како апсолутна неопходност“, рече тој.Лавров.

Според него, Украина покажува разбирање за реалноста кога се во прашање Крим и Донбас.

 

Loading...

Траорни глетки: Снимка со дрон од разрушениот Мариупол (ВИДЕО)

 

Кога станува збор за потенцијални натамошни контакти, Лавров рече дека тие се разработуваат и дека ќе биде објавено.