Москва ја смета Европската унија за непријателска организација, бидејќи нејзините земји-членки сакаат пораз на Русија, ја снабдуваат Украина со оружје и испраќаат платеници во зоната на конфликтот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Европската унија ја „изгуби“ Русија, но таа е самата виновна, бидејќи земјите-членки на Европската унија и нејзините лидери отворено кажуваат дека е неопходно да ѝ се нанесе, како што велат, стратешки пораз на Русија. Тие го пумпаат криминалниот киевски режим со оружје и муниција, испраќаат инструктори и платеници во Украина. Поради овие причини, ние ја сметаме ЕУ за непријателска организација“, рече Лавров.
Како што јави Спутник, тој додаде дека Русија ги извлекла потребните заклучоци од оваа ситуација и затоа, како одговор на непријателските потези, „ако е потребно, ќе постапи грубо“, водејќи се од нејзините национални интереси и принципот на реципроцитет, кој генерално е прифатени во дипломатската практика.
„Доколку во одреден момент Европејците го напуштат антирускиот курс и се одлучат за дијалог со Русија со взаемно почитување, ние ќе ги разгледаме нивните предлози и ќе донесеме одлуки врз основа на нашите национални интереси, кои беа одобрени од рускиот претседател Владимир Путин во новиот концепт на Надворешната политика на Русија“, рече Лавров.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.