Западните земји сѐ уште немаат дадено сериозни предлози за решение на конфликтот во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Москва секогаш нагласуваше дека е подготвена да ги разгледа сите предлози кои се од сериозна природа.
„До сега не сме виделе вакви идеи. Во голема мера, имаше шпекулации дека украинскиот претседател Зеленски планира да свика мировен форум без учество на Русија“, изјави Лавров за рускиот Канал 1, пренесува ТАСС.
Лавров понатаму изјави дека Западот „покани неколку земји од Третиот свет на меѓународна средба за Украина во Копенхаген на 24 јуни, на која Русија не беше поканета“.
„Слушнав дека таму се користеле некои бескрупулозни техники. На трезвените забелешки дека планот на Зеленски е нереален, бидејќи подразбира капитулација, ова беше одговорот: не мора да го поддржувате целиот план. Има и точки кои не се поврзани со војна, како што се прашањата за храна, енергија и нуклеарна безбедност. Затоа, не грижете се, по еден бод нека изберат земјите од Африка, Латинска Америка и Азија“, рече Лавров.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.