Лавров: ЕУ станува милитаризирана како НАТО

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Европската унија се милитаризира со рекордно темпо, додавајќи дека има многу мала разлика меѓу ЕУ и НАТО.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија на синоќешната прес-конференција, осврнувајќи се на неодамна потпишаната декларација за НАТО и ЕУ.

Декларацијата на ЕУ и НАТО за стратешко партнерство, да потсетиме, ја нарекува руската инвазија на Украина „најголемата закана за евроатлантската безбедност во последните децении“.

Декларацијата повикува на „соработка меѓу ЕУ и НАТО со цел да се спротивстави на растечките безбедносни закани“ и охрабрува максимално вклучување на членките на НАТО кои не се членки на ЕУ, како и на членките на ЕУ кои не се членки на НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девет новороденчиња починаа во породилиште во Русија

„На Русија ѝ беше ветено дека НАТО нема да се прошири, тоа беа лаги“

Но, во декларацијата не се наведува дека НАТО ќе ја обезбеди безбедноста на Европската унија.

И додека НАТО нагласува дека не претставува никаква закана за Русија, рускиот претседател Владимир Путин постојано се жалеше на проширувањето на НАТО, кое делумно го искористи за да се обиде да ја оправда руската инвазија на Украина минатата година.

Лавров вчера на прес-конференција рече дека на Русија во неколку наврати ѝ било ветено дека НАТО нема да се шири, додавајќи дека тоа се лаги.

Да потсетиме, Финска се приклучи на НАТО минатиот месец поттикната од руската инвазија на Украина, која ја удвои границата на НАТО со Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бабиш: Чешката влада тајно испраќала оружје во Украина вредно 700 милиони евра

Кремљ реагираше на влезот на Финска во НАТО со образложение дека таа ќе биде принудена да преземе контрамерки за да ја обезбеди безбедноста на сопствените граници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.