Лавров: Анектираните територии на Украина ќе ја имаат целосната заштита на Русија

Сподели со своите пријатели

Секоја територија формално припоена кон Руската Федерација ќе има своја целосна заштита, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, алудирајќи на референдумите што проруските сепаратисти ги одржуваат на југот и на истокот на Украина.

Loading...

„Како може да биде поинаку? Сите закони, концепти и стратегии на Руската Федерација се применуваат на целата нејзина територија“, рече Лавров.

Рускиот претседател Владимир Путин, да потсетиме, минатата недела најави мобилизација на резервисти за војната во Украина, рече:

„Ако некој го загрози територијалниот интегритет на нашата земја, ние сигурно ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ги заштитиме Русија и нашиот народ. ”

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.