Лавров: Америка го прави она што се обиде Хитлер

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржа долг говор на годишната прес-конференција во Москва, во која ги спореди неодамнешните акции на Америка поврзани со војната во Украина со оние на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер и францускиот освојувач Наполеон Бонапарта.

Loading...

Лавров рече дека „Вашингтон ја освоил Европа за да води војна против Русија“, додавајќи дека Хитлер и Наполеон „некогаш се обиделе да ја употребат истата тактика против Русија“.

„САД ја користат Украина за да водат војна против нашата земја. Има само една цел: конечно решение на руското прашање“, изјави Лавров за новинарите.

„Нашите западни партнери лажат дека не се во војна со Русија“

За време на прес-конференцијата, шефот на руската дипломатија рече дека Москва сè уште не видела сериозни мировни предлози за мир во Украина, додавајќи дека идеите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за мир се „неприфатливи“.

Тој рече дека „Москва е подготвена да разговара за конфликтот со западните земји и да одговори на секој сериозен предлог, но секоја таква дискусија мора да одговори на пошироките безбедносни предизвици што ги гледа Русија“.

Тој го повика НАТО да ја „отстрани својата воена инфраструктура“ од Украина и другите земји кои граничат со Русија.

„Кога нашите западни партнери пенат од устата и велат дека не се во војна со Русија, тие лажат“, рече Лавров и додаде:

„Обеменот на западната поддршка за Украина покажува колку тие инвестирале во војната против Русија. ”

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.