Лав нападна циркуски тренер (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За време на настапот во познатиот циркус се судриле два од трите лава кои учествувале во чинот.

Loading...

Тренерот Алексеј Макаренко фрлил столче за да спречи борбата да продолжи, а потоа и трет скокнал врз него.

На видеото е прикажан настан во кој лав со заби напаѓа изведувач во преполната арена со 1.200 седишта во познатото црноморско одморалиште Сочи.

Неговата сопруга Олга Борисов, исто така тренер, му го спасила животот бркајќи го предаторот кој го собори на подот со камшик.

Остатокот од персоналот користел воден млаз за да го избрка животното, кое дотогаш му ги забило канџите и забите во кожата на Макаренко.

На грозоморната сцена посведочеле многу деца кои во придружба на нивните родители дошле да го видат местото кое е надалеку познато во Русија.

Сепак, ова не е прв пат животните да ги повредат тренерите.

Во истиот циркус, во кој настапуваат лавови, тигри, елени и разни други животни, чие природно живеалиште е дивината, неколку пати биле повредени тренери и животни.

Loading...

Активистите со години се залагаат за забрана на циркуси со животни во Русија, но безуспешно.