Латвија го затвори воздушниот простор во близина на границите со Русија и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана на Латвија, Андрис Спрудс, денес објави дека, според препораката на армијата, земјата го затвори воздушниот простор на истокот од земјата, во близина на границите со Белорусија и Русија, за една недела.

Тој рече дека војската проценила дека стапката на ризик е висока по руското кршење на полскиот воздушен простор и дека се потребни превентивни мерки иако Латвија не е директно загрозена, објави латвискиот портал LSM.

Латвиските воздухопловни сили моментално се во состојба на висока готовност за време на сеопфатната национална одбранбена вежба „Намејс“, а воздушниот простор ќе биде затворен до надморска височина од 6.000 метри во зона оддалечена 50 километри од надворешната граница на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест клучни прашања за упадот на руски дронови во Полска. Четвртото е особено загрижувачко!

„Затворањето на воздушниот простор во близина на источната граница ќе овозможи целосна контрола врз оваа област и ќе го олесни откривањето на неовластени летачки објекти, но исто така ќе ослободи ограничен воздушен простор за ловците на НАТО на Балтичката воздушна полициска мисија и латвиската воздушна одбрана“, објасни Спрудс, според Танјуг.

Тој додаде дека овој потег ќе ги прошири можностите за тестирање на акустични системи за воздушен надзор, симулирање и спротивставување на операции со беспилотни летала, како и распоредување и обука на дополнителни мобилни борбени единици додека војската ги заострува контролите на исток.

„Руските беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО се повик за будење и ние мора да направиме сè што е можно за да спречиме ескалација на нападите со беспилотни летала“, заклучи Спрудес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен висок молдавски разузнавач уапсен за шпионажа за белорускиот КГБ

Полска пријави најмалку 19 неовластени упади на руски беспилотни летала во среда, од кои неколку беа уништени, и рече дека беспилотните летала влегле во земјата од Белорусија.

На барање на Полска, НАТО го активираше Член 4 од Северноатлантскиот договор за да започне консултации меѓу земјите-членки на Алијансата во врска со нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала.