Ларвицидна дезинсекција во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од понеделник почнува ларвицидната дезинсекција во Куманово, соопштија денеска надлежните од општината.

Loading...

– На 29.03.2021 година (понеделник) на територијата на општина Куманово ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците. Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува до наредниот поволен ден, соопштија од општината.

Претходно, на 18 март годинава, по претходно објавен тендер, општина Куманово склучи договор со избраната фирма „Плант Медика“ за 1.180.000 денари која оваа година ќе ги извршува услугите за запрашувања против инсекти, дезинсекција, дератизација, против крлежи, бубашваби и комарци на подрачјето на Куманово.

И претходните години општината одвојуваше слична сума за овие третмани што се спроведуваат во неколку наврати годишно во текот на пролетните и есенските месеци. Лани, но и низ годините наназад, со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција.

Leave a Reply