Лам: Злонамерни се критиките за набавката на кинеска вакцина

Сподели со своите пријатели

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам денеска демантираше дека набавката на вакцина против Ковид-19 од континенталниот дел на Кина е политички мотивирана, истакнувајќи дека купувањето е поддржано од два експертски одбори.

Loading...

Таа на прес-конференција ги повика граѓаните да „не обрнуваат внимание на злонамерните гласини“ за владиниот план за набавка на вакцината и да ги слушаат советите на експертите.

Владата на Хонг Конг договори набавка на 7,5 милиои дози од кинеската компанија Синовак и исто толку дози од компанијата Бионтек.

Поради четвртиот бран на пандемијата со новиот коронавирус, Лам ги повика граѓаните да останат во домовите и да ги избегнуваат непотребните собири.

Но, Лам одби да ги образложи причините за пролонгирањето на нејзината посета на Пекинг.

Марина Илиевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *