Лаказет на пат за Лондон да го комплетира рекордниот трансфер од 46 милиони фунти

Сподели со своите пријатели

Александре Лаказет ке биде главната напаѓачка опција на Венгер во новата сезона, после напорните преговори тимот од Лион попушти за сума од 46 милиони фунти со кое го сруши клубскиот рекорд за кое беше  платен Месут Озил уште во 2013 година за транфер вреден 42,5 милиони фунти од екипата на Реал Мадрид.

Откако Арсенал ја загуби битката за потпис на францускиот интернационалец Килиан Мбапе, менаџерот на Арсенал Арсен Венгер тргна по друга опција во Француската Лига 1.

После неизвесна сезона на Оливиер Жиру готово неизвесно беше дека Венгер мора да бара друга опција и тоа повторно од Франција. Колку овој транфер ке биде добар и за нервозните фанови и секако за клубот останува да погледнеме во новата сезона на Премиер лигата.

За потенцијални транфери во екипата од Лондон се спомнуваат и играчот на Монако Томас Лемар , и Рајан Марез од екипата на Лестер кој изјави дека ова му е последна сезона во тимот од Кинг Повер Стадионот.

Пишува: Бојан Мијахловски

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.