Лајен: Заедно и што е можно побрзо почнуваме со истребување на вирусот

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен најави дека во следната недела првата вакцина против Ковид-19 ќе биде одобрена од Европска Унија, а вакцинацијата ќе почне веднаш и во исто време во сите земји-членки.

Loading...

– За да дојде до крај на пандемијата потребно е да се вакцинира околу 70 проценти од популација. Тоа е голема задача, затоа почнуваме што најбрзо што е возможно, заедно како ЕУ27 и во исто време. Обединети почнуваме истребување на овој вирус, посочи Лајен.

Таа во обраќањето пред Европски парламент оцени дека „секое заздравување на Европа почнува со победа над вирусот“.

– Добра вест е дека имаме средство и имаме надеж. ЕК испреговара најшироко портфолио на кандидатите за вакцината. Во рок од една недела првата вакцина ќе биде одобрена за веднаш да почне вакцинацијата. Купивме повеќе од доволно вакцини за сите во Европа и ќе можеме да им помогнеме на нашите соседи и партнери во светот преку Ковакс, така што никој нема да заостане во ова, истакна Лајен.

Европска агенција за лекови вчера објави дека првата проценка на вакцината против Ковид-19 ќе биде објавена на 21 декември.

Марина Илиевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *