Лајен: Преговорите со Лондон продолжуваат денеска

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа нагласи дека има напредок во разговорите со Велика Британија и дека преговорите ќе продолжат денеска.

Loading...

Таа и британскиот премиер Борис Џонсон синоќа во телефонски разговор разговарале за актуелната состојба во преговорите за односите меѓу Брисел и Лондон по 31 декември.

– Го поздравивме значителниот напредок за многу прашања. Сепак, треба да се надминат големи разлики, особено во областа на рибоарството, наведе Лајен.

Претседателката на Комисијата најави за денеска продолжување на преговорите меѓу главните преговарачи на ЕУ и Велика Британија.

Златко Шумковски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *