Лајен: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, Украина и Молдавија

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска истакна дека ЕУ останува посветена на проширувањето, со порака дека патот кон ЕУ е пат кон силна демократија и дека Западен Балкан, Украина и Молдавија се иднината на Унијата.

Loading...

Фон дер Лајен во своето обраќање пред Европскиот парламент рече дека ЕУ, кога е во прашање надворешнополитичката агенда, мора да инвестира во демократијата.

„Ние треба да ги здружиме силите со нашите партнери за да ја прошириме демократијата, а директен начин е да ги зајакнеме нашите односи и демократијата во нашите земји“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се жали дека кинеската стока ги преплавила пазарите. Еве што му кажа Си на Шолц денес

Фон дер Лајен рече дека има земји кои веќе се на пат кон ЕУ и дека Унијата мора да ги поддржува при секој чекор на тој пат, бидејќи патот кон посилна демократија е ист како и патот кон ЕУ.

„Затоа сакам да им порачам на граѓаните од Западен Балкан, Украина и Молдавија дека тие се дел од нашето семејство, иднината на нашата Унија. Без нив нашата ЕУ не би била целосна“, подвлече таа.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ увидела дека има потреба да се оди подалеку од процесот на проширување, дека е потребна политичка заедница, во врска со која Европската комисија ќе ги достави своите идеи до Советот на Унијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се жали дека кинеската стока ги преплавила пазарите. Еве што му кажа Си на Шолц денес

Според неа, иднината на ЕУ зависи и од соработката со партнерите надвор од Европа.

„Има земји кои сакаат да соработуваат со нас во соочувањето со големи предизвици“, рече таа, најавувајќи договори со повеќе земји и напори за продлабочување на соработката.

Loading...

Таа посочи и дека странските автократи ги напаѓаат европските вредности, преку финансирање на институции преку кои сакаат да ги поткопаат тие вредности.

Во оваа насока таа најави мерки за спречување на ваквите активности.