ЛАГ АБЕР 2015 преку проект „На патот“ до промоција на природното и културното богатство на кумановскиот регион

Сподели со своите пријатели

Во рамки на проектот „На патот“ на Локалната Акциска група ЛАГ АБЕР 2015, финансиран од швајцарската амбасада, уметниците од кумановско изработуваат дела кои го промовираат природното и културното богатство на регионот, информираа денеска надлежните. 

Loading...

Идејата на проектот „ На патот“ е да создаде услови уметноста да излезе од галериите и да се доближи до обичниот човек. 

Новото дело  е изработено од академскиот сликар и конзерватор Валентина Илијевска е насловено „Улица на виножитото“.

-Живеејќи во време кога луѓето немаат интерес да се посветат на уметноста, уметниците мора да направат компромис и своите дела да ги изложат пред публиката на друг начин. Комбинирајќи ја идејата за актуелизирање на проблемот со аерозагадувањето и важноста од зачувувањето на зеленилото во градот, таа изврши конзервација врз дрвјата со цел да ги заштити од болестите кои континуирано ги напаѓаат, но во исто време, врз нив изврши и уметнички интервенции за да го разбие сивилото во центарот на градот, особено видливо во зимскиот период. Нејзиното дело „Улица на виножитото“ е директно инспирирано од некои добро познати инсталации (на пр. Blue trees на Димопулос) и ефективно го освојува окото на минувачот. Се надеваме дека ваквиот начин на творење ќе ги предизвика кумановските уметници да продолжат со своето творештво на неконвенционален начин- изјави, раководителот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски.

Претходно во рамки на проектот беа разубавени автобуска постојка во Старо Нагоричане и ѕид од основно училиште во Куманово. 

Идејата на проектот е да се даде поддршка на уметниците и да се развие свеста кај локалните власти и бизнис заедницата дека можат во голема мера да го искористат креативниот потенцијал на уметниците и заедно да го направат кумановскиот регион поубаво место за живеење.

Loading...

Од ЛАГ „АБЕР 2015“ се надеваат дека оваа интервенција ќе ги поттикне сите чинители да воочат како со минимални средства и време може да се продуцираат значајни и ефектни продукти кои го разубавуваат регионот.

Оттаму сметаат  дека со реализацијата на проектот, ќе дадат придонес во креирањето на нов, модерен, уметнички лик на Куманово и околината,ќе им дадат можност на уметниците и креативците да изработат дела кои ќе бидат поставени надвор од галериите, достапни до граѓаните.


Leave a Reply