Куршуми, марихуана и масло од хашиш пронајдени кај кумановец

Сподели со своите пријатели

Куршуми, марихуана и масло од хашиш пронашла полицијата вчера при претрес во дом на 40-годишен кумановец.

Loading...

– На 15.01.2024 во 01.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени 15 куршуми, марихуана и масло од хашиш.

А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски