Кумновските полицајци даруваа крв

Сподели со своите пријатели

Во просториите на НУ Центаро за култура „Трајко Прокопиев“ Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска ја организираше редовната крводарителска акција во просторитие на кумановската полиција заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

Loading...

Акцијата започна утринава, кога беа дарувани неколку крвни единици, и истата е завршена до 15 часот.

-Кога организира крводарителска акција СВР Куманово секогаш заинтересираноста е голема, така е и денес. Досега имаме задоволителен број на крводарители кои што дојдоа и се надевам дека до 15 часот ќе дојдат уште дарители на крв, изјави д-р Елена Николиќ , Трансфузиологија Куманово

Станува збор за трета крводарителска акција според годишниот план и програма на Министерството за внатрешни работи, информираше Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при СВР Куманово.

– Вообичаено, во тек оди денешната активност. Очекуваме околу 40 крводарувања со оглед на севкупната ситуација со здравствената состојба. Инаку, за разлика од она порано што беше само машките припадници на МВР даруваа крв, сега и жените се во доста голем број крводарители, изјави Богдановска.

Акцијата се одржа во соработка на кумановската организација на Црвен крст Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply