Кумановските угостители од вечерва со продолжено работно време

Сподели со своите пријатели

Угостителските објекти во Куманово почнувајќи од вечерва заклучно со недела ќе можат да работат дополнителни два часа.

Loading...

Ваква одлука пред извесно време донесе едногласно Советот на Општина Куманово, а во рамките на одбележувањето на 500-годишнината од постоењето на градот.

Ваквата пракса  се применуваше и во изминатите години, а е со цел да им се овозможи на граѓаните да се забавуваат повеќе и достоинствено да го одбележат празникот на градот.

Согласно законските регулативи, локалната самоуправа може да го продолжи работното време на угостителите три дена по ред со максимум дополнителни два часа работење.

Leave a Reply