Стечајни работници од повеќе градови низ Република Македонија, меѓу кои и од Куманово денеска го блокираа сообраќајот пред Собранието, каде ќе останат се до 17 часот.
Нивната цел е државата да слушне за проблемите со кои се соочуваат и бараат итно да се донесе Законот за стечајни работници. Најавија дека на секои 10 до 15 дена ќе ги блокираат институциите, граничните премини и патарините се додека законот не се изгласа според кој би добиле обештетување најмалку четири илјади луѓе од оваа ранлива категорија.
Пред протестот претставници на стеачјците барале средба со првиот човек на Сојузот на синдикатите, Живко Митрески, но биле известени дека тој е на пат.
Од 4 илјади стечајци, над 2 илјади има што им е укината стрјата, живеат како во 19 век. Ако може било кој да стопира возови и да поставува шатори, и ние ќе почнеме исто. За 10 дена ќе се блокира патарината Скопје-Куманово, а потоа ќе се блокира граничниот премин Табановце или пак владата. Последно, на самите избори ќе протестираме со глад. Па или ќе не реши општеството, или ќе не покопаат, и онака сме изнемоштени – вели претседателката на синдикатот, Лилјана Георгиевска.
Според Георгиревска Владата се фали со илјада пакет мерки, а за стечајците нема ниту една мерка која ќе им го олесни животот.
Тука сме да покажеме дека постоиме, а тој уставен суд што го бранат, најголема грешка прават, затоа што тој суд не смееше да дозволи да се решат нашите проблеми парцијално, требаше или сите или никој да се обештети, а ние сме делени три пати. Така што, и таа замерка ја наоѓаме – рече Георгиевска.
Доколку уште еднаш Груевски каже дека се пратени од СДСМ, Георгиевска вели дека за неа тој повеќе нема да биде ни човек ни премиер. Според неа, тука има луѓе кои се симпатизери на сите партии и никој не носи партиско обележје, бидејќи, како што таа вели, никого од нив не го интересира партија, туку парите кои државата им ги должи.
фото: новатв.мк / извор: новатв.мк и а1он.мк