Кумановските стечајци ќе ги бојкотираат изборите

Сподели со своите пријатели

Стечајните работници од Куманово нема да излезат на избори и најавија дека ќе ја поддржат одлуката на опозицијата и СДСМ, а ако треба заедно ќе излезат на улица, поради тоа што десет години оваа власт немала слух за нивните барања.

Иако претходниот период најавуваа радикализација на протестите, сепак во моментов се ставени во мирување.

Согледувајќи ја ситуацијата во државата одлучивме сите здруженија на стечајни работници на ниво на државата да останеме мирни, да не се крева тензија , да не придонесеме за тензија, одлчивме да видиме што ќе се  случи со изборите кои што се многу важни за РМ и што ќе се случува со државата. Нема да излезев стечајни работници на избори зашто единствена цел е да има промени и да се обештети оваа категорија на граѓани, бидејќи ако некој вели дека со доаѓање на власт ќе го реши пропбелмот на стечајните работници, јас не гледам причина зошто да не ја подржиме таа опција, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок „ Унит“.

Со едногласна одлука на сите 18 стечајни здуженија на ниво на државата, стечјаците својата поддршка ќе ја дадат на СДСМ, бидејќи сметаат дека своето обештетување ќе го добијат кога оваа партија ќе дојде на власт.

Ние имаме потпишано меморандум со опозицијата, значи со сите партии кои се дел од опозицијата во државата, во кои е и СДСМ . Имавме потпишано спогодба и со екс претседателот Бранко Црвенковски и со сегашниот Зоран Заев, така што докуменот е веродостоен со потпис , со печат и сме сигурни дека ако дојдат на власт ќе бидеме обештетени – рече Георгиевска.

Од  речиси 2600 стечајни работници во Куманово бројката е намалена  на 1200. Тоа се должни на зголемувањето на стапката на морталитет кај оваа категорија на граѓани. Во меѓувреме, стечајците мака мачат да го преживеат месецот без речиси никакви приходи.

Стечајните работници веќе подолго време бараат да се донесе закон со кој ќе бидат опфатени стечајците кои имаат минимум 15 години работен стаж,  52 годишна возраст за жени и 55 години за мажи. Висината на паричните средства кои што ги бараат на месечно ниво се 7000 денари.

Извор: Телевизија Плус

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.