Кумановските средношколци разговараа со градоначалникот Димитриевски за аерозагадувањето

Сподели со своите пријатели

Ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“, ОСТУ „Наце Буѓони“ и ССОУ „Киро Бурназ“ денеска остварија средба со градоначалникот Максим Димитриевски каде во просториите на Општина Куманово се разговараше за проблемот со аерозагадувањето.

Loading...

Дел од средношколците денеска излегоа да протестираат поради загадувањето, а дел од нив побарале да се сретнат со градоначалникот за да ги предложат своите мерки за надминување на проблемот.

Димитриевски ги прими на средбата на која заеднички разговарале за проблемот кој ги засега сите граѓани.

– Разговаравме за проблемот со загадувањето на воздухот. Им ги претставив краткорочните и долгорочните мерки, кои ги превзема општината, а од нив слушнав предлози и идеи како заеднички полесно да го надминеме овој проблем, вели Димитриевски.

За разлика од средношколците во Скопје кои излегоа пред Влада и маршираа по улиците, кумановските ученици за проблемот разговараа со првиот човек на локалната самоуправа.

Loading...

Leave a Reply