Кумановските советници ќе расправаат за работата на сите основни и средни училишта

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово за утре /23 септември/, ја најави редовната 41 – ва седница, на која на дневен ред ќе се најдат 53 точки од дневниот ред.

Loading...

Советниците утре ќе расправаат по информацијата за превземени  мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2015 година, за тримесечниот извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01 април до  30 јуни 2015 година, потоа по предлогот – решение за давање согласност на Ценовникот за измена на Ценовникот за висина, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на ЈП „Куманово – гас“.

Сите останати точки од седницата се однесуваат на расправа и презентирање на годишните извештаји на основните и средни училишта од Куманово, односно за нивата работа во текот на учебната 2014/2015 и 2015/2016 година.

Повеќе информации за дневниот ред на 41 – та седница се достапни на официјалната веб страна на Општина Куманово.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.