Кумановските социјалдемократи организираа Новогодишен коктел (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ Куманово вчеранавечер во комитетската зграда организираше предновогодишен коктел, на кој меѓу другите беа присутни и Министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, како и локалната самоуправа и останатото партиско членство.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”278″]

 

Партиските членови си ја честитаа Новата година, со желби за поголем успех во 2016, како и освојување победа на претстојните парламентарни избори.

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски во своето обраќање пред  присутните на коктелот им ги честиташе претстојните празници, како и на сите граѓани на Општина Куманово.

Се собираме да си посакаме многу здравје, многу среќа, да ги сумираме резултатите од изминатата година, да видиме што сме сработиле, до каде сме и да креираме визии и планови за 2016 година, бидејќи и тоа како ќе значи голема пресвртница, како за самата партија, така и за граѓаните во глобала – изјави Костовски.

 

Лична и семејна среќа, добро здравје и многу успеси беа желбите кои на присутните им ги посака актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Имавме една извонредно турбулентна година, беше година 2015, година на голема сиромаштија во Македонија, година на голема злоупотреба од страна на власта, година на уценување и потценување на македонските граѓани и затоа таа година не треба да ни се повтори. Беше исто така и бунтовна година во која се одважија граѓаните на Република Македонија, покажаа храброст, година кога излезе проектот „Вистината за Македонија“, кога се разголи Груевски и неговата свита – вели министерот за внатрешни работи, Спасовски.

 

На предновогодишниот коктел присутен беше и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој на членството посака во 2016, сплотени заедно да влезат во нов циклус кој ќе значи победа на слободата и демократијата во Република Македонија предводена од СДСМ.

Оваа година што следува е година на голем предизвик. Помина најтешката година во историјата на Република Македонија, кризата од 9-ти мај, бегалската криза, тешката политичка криза од бомбите од февруари па наваму, и се` она што го сочинува генералниот проблем на Република Македонија, која е најцрна точка во европската карта – вели Дамјановски.

Loading...

 

Инаку, како што велат од партијата, ваков новогодишен коктел традиционално секоја година се одржува за да скромно се одбележи крајот на едната и почетокот на другата година.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.