Кумановските пожарникари вчера со полни раце работа

Сподели со своите пријатели

Пет интервенции вчера регистрираат кумановските пожарникари, и тоа претежно гаснеле запалена сува трева.

Loading...

Првата интервенција, според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи била во селата Доброшане, Биљановце и Скачковце, каде во период од 13:25 до 16:05 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева.

На булеварот „Октомвриска револуција“ тројца пожарникари гаснеле запален отпад во период од 09:30 до 10:05 часот.

Патничко моторно возило вчера се запалилно во атарот на Агино село, каде четворица пожарникари интервенирале во период од 16:32 до 17:35 часот.

Сува трева горела повторно во село Доброшане во попладневните часови, но овој пат интервенирале две противпожарни екипи во период од 17:15 до 17:40 со вкупно шестмина пожарникари.

Во селото Проевце исто така горела сува трева каде во период од 18:30 до 19:40 часот интервенирале тројца пожарникари, а подоцна на помош пристигнале уште толку вработени во Територијалната противпожарна единица Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply