Кумановските пожарникари вчера со две интервенции

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера имале две интервенции.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи првата интервенција била на опожарена сува трева во близина на Граничниот премин Табановце.

Таму во период од 12:10 до 12:55 часот интервенриале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Втората интервенција била на опожарено електрично броило во семеен објект на улицата „ЈНА“.

Пожарот го гаснеле четворица пожарникари во период од 13:52 до 14:10 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко