Кумановските пожарникари вчера со четири интервенции

Сподели со своите пријатели

Вкупно четири различни локации во текот на вчерашниот ден биле зафатени со пожари на кои интервенирале вработените од Територијалната против пожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 10:40 часот по претходно добиена пријава изглегле на терен во населбата Готно Којнаре каде било интервенирано на опожарено стрниште. Четворица пожарникари со едно возило го гаснеле огнот до 12:35 часот.

Сува трева и смет во период од 12:05 до 12:40 часот гореле во локалитетот Стари Лозја, спроти Спомен Костурница.

Петмина пожарникари со едно противпожарно возило биле испратени на помош при интервенција во атарот на селото Отошница во Општина Раноквце. На запалена сува трева било интервенирано со часови, односно од 15:30 часот до 20:50 часот.

На опожарена сува трева во период од 18:30 до 20:40 часот кумановските пожарникари интервенирале во атарот на селото Сопот, стои во извештајот на РЦУК.

 

Loading...