Кумановските пожарникари вчера бележат интервенции во Шупли Камен и Романовце

Сподели со своите пријатели

Само две интервенции бележат припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата ја бележат во атарот на селото Шупли Камен, кога во период од 15:00 до 18:15, тројца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалена сува трева.

Втората интервенција била регистрирана само 40 минути подноцна, односно во 15:40 кога тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева со едно противпожарно возило кај селото Романовце, поточно кај наплатната рампа. Пожарнот го локализирале во 18:30.

Засега нема информации за причините кои довеле до појава на пожарите, но се препорачува граѓаните да внимаваат каде ги фрлаат отпушоците од цигари.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]