Кумановските пожарникари со две интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Две интервенции бележат припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие, од кои една на приклучок за струја, а втората на запалена трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција се случила во недела доцна попладне кога Електрична кутија за приклучок на струја,  сопственост на ЕВН Македонија, лоцирана на улицата „11 Ноември“ се запалила од засега непознати причини. Четворица пожаникари со едно возило излегле на терен во 18:55 часот, при што целосната опасност била отстранета веќе во 19:30 часот.

Втората интервенција се случила на запалена сува трева на булеварот „Октомвриска револуција“, поточно во близина на отпадот. Во 15:40 на терен излегле тројца пожарникари со едно возило при што тревата ја изгаснале до 16:15 часот.

 

Loading...