Кумановските пожарникари, лекари и полицајци во акција (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во кругот на ТППЕ Куманово денеска се одржа показна вежба на која учествуваа полицијата, брзата помош, пожарникарите и активистите на Црвениот крст – Куманово. Стануваше збор за симулативна вежба на кој при судир на два автомобили, има неколку повредени, а едниот од автомобилите се запали при што мора да реагираат сите овие три институции.

Loading...

Вежбата се одржа со подршка на Советот на Општина Куманово, а на истата пирустуваа советници, припадници на ОБСЕ, раководители на институциите кои учествуваат во вежбата и граѓани.

Претседателот на советот, Максим Димитриевски рече дека координацијата на овие институции мора да постои.

Командирот на Територијалната против пожарна единица Куманово, Деан Илиевски пак истакна дека пожарната најприв била формирана како граѓанско движење за заштита на шумите, а сега е дел од локалната самоуправа и не учествува само во гаснење на пожари, туку во спасување од поплави, како и зивлекување жртви од сообраќајни несреќи.

Раководителот на отсекот за превенција, Виолета Богдановска вели дека СВР Куманово работи во склоп на Министерството за внатрешни работи, но не е тука само да ги заплашува граѓаните, туку покрај нив тие треба да се чувствуваат безбедно, а ако има кршење на законот тие мора да реагираат.

Loading...

Покрај вежбата денеска беа презентирани опремата со која располагаат полицијата, брзата помош и пожарникарите, а граѓаните можеа да се запознаат со се она што ги интересира во врска со нивното работење.

Вежбата е во рамките на одбележување на Денот на независноста, 8ми септември.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.