Кумановските новинари ги спуштија камерите пред градскиот совет

Сподели со своите пријатели

По писменото барање на Совет на Опшина Куманово за издавање акредитација пред почетокот на седниците, кумановските новинари и дописници едногласно спроведоа бојкот, откако на денешната 41 -ва седница, новинарите одлучија воопшто да не влезат во конференциската сала во поранешната зграда за општествени дејности.

Loading...

Иако од Совет на Општина Куманово беше дадено објаснување дека акредитацијата се побарува исклучиво поради просторно планирање и местата кои што треба да бидат обезбедени за новинарите пред почетокот на секоја седница, кумановската новинарска фела одлучи да спроведе бојкот, откако неколку години наназад, за нив не се најде практично решение и нивните места во салата за седници секогаш беа ставани под знак прашалник.

За волја на вистинита, и самите советници и сите присутни претставници на советничките седници се сведоци за немањето простор за новинарско известување, и до решавање на прашањето за одвојување посебно место за професионална работа, кумановските новинари ќе останат на ставот дека акредитациите се нереални и неосновани.

Во услови кога советот побарува  од снимателите да им се ограничи времетраењето како и аголот од каде и што снимаат, претставува директно мешање во нивната работа.

Денешниот бојкот е предупредување до надлежните да обезбедат подобри услови за работа за следните седници или во спротивно, нивната работа ќе остане јавно непубликувана.