Кумановските млади социјалдемократи поставија банер во сеќавање на 9 мај (видео)

Сподели со своите пријатели

Поминаа точно пет месеци од инцидентот на 9 – ти Мај во Куманово, кога осум припадници на МВР го загубија животот, а 40-мина се повредени и предизвикана е огромна материјална штета, а до денес се уште нема никаква разрешница на случајот што се случи во Дива Населба, обвинија од Локалниот Клуб на СДММ Куманово.

Loading...

DSC_0464

 

Според Владислав Трајковски, претседател на ЛК на СДММ Куманово,  вистината ќе излезе на виделина, по промената на власта во април 2016 година, кога граѓаните ќе ги добијат сите одговори.

– Кој навистина стои зад инцидентот? Дали е спроведено црно сценарио? Дали ова беше политички обид за дестабилизација? Кој дозволи 8 полицајци да загинат и да има 10-тици повредени? Нема одговорност од никого, изјави Трајковски.

Со одржана прес конференција на мостот кај делницата за Скопје,  ЛК на СДММ со симболично поставување банер, додаде дека на тој начин, тие сакаат да испратат порака дека Куманово нема да заборави.

– Му испраќаме порака на премиерот во заминување, Никола Груевски, секогаш кога ќе поминува покрај Куманово да се сети каква штета е нанесена на граѓаните, вели Трајковски.

 Прес конференција по повод случувањата на 9 мај во Куманово најави и Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана при СДСМ.

Loading...