Кумановските кик боксери утре ќе учествуваат на Државното првенство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Кик бокс федерацијата на Македонија во Спортската сала во Автокома утре ќе се одржи државното првенство во кик бокс дисциплини во кое учество ќе земе и ММА клуб Куманово 2006 со свои претставници предводени од тренерот Сашо Илиевски.

Во категоријта до 86 килограми ќе се бори Филип Наковски во лоу-кик дисциплината, Давид Спасовски во категорија 81 килограми и Лука Велковски до 63 килограми.

– Со оваа првенство ја започнуваме оваа сезона. Напорно трениравме и се надеваме на успех и како и секогаш да освоиме добри резултати. Оваа година според програмата на федерацијата не очекуваат речиси секој месец првенсва на домашната сцена, на балканската, разни турнири и зависно од финансиските средства се надеваме дека ќе учествуваме на поголемиот де од нив, вели Илиевски.

Тренерот Илиевски упати благодарност до градоначлникот на Општина Куманово и Општинскиот сојуз на спортови кои им помогнале да го организираат учеството на оваа првенство, а како што вели тие ќе возврата со добри резултати.

Loading...

Leave a Reply