Кумановските кик-боксери Радевски и Илиќ ќе учествуваат на турнирот „Balkans Best Fighter“

Сподели со своите пријатели

Кумановските кик боксери Дамјан Радевски и Бојан Илиќ од Кик-бокс клуб „Куманово 2006“ од утре до недела ќе учествуваат на меѓународниот турнир „Balkans Best Fighter“ кој ќе се одржи во Јагодина, Србија.

Loading...

Радевски ќе настапи во полутешка категорија до 90 килограми, додека Илиѓ во категорија до 100 килограми.

Со нив ќе патува и нивниот тренер Сашо Илиевски, кој вели дека се подготвени за предизвикот.

– Со оглед на пандемијата што демнее во полн ек, сепак најдоврем време и се подготвуваме на отворено и во салата на ТППЕ Куманово и сме подготвени за предизвикот. Очекувам да постигнеме добри резултати, со што како и многу пати досега достојно ќе ги претставиме градот и клубот од Куманово. Благодарнсот до градоначалникот и ОССК Куманово кои помогнаа да го реализираме ова патување и учество на турнирот, изјави тренерот Илиевски.

Инаку на натпреварувањата учество ќе земат кик боксери уште од неколку клубови од Македонија, а вкупно ќе учествуваат претставници од 12 земји.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply