Кумановските гимназијалци во посета на Италија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пет ученици и двајца наставници од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ последната недела од мај беа во посета на Понтедера, Италија во рамките на проектот „Училишно онлајн радио“ кое се реализи преку програмата „Еразмус плус“ на Европската унија.

Loading...

 

 

Како што појасни наставникот Филип Младеновски, тема на оваа посета биле „Националните гордости“ при што учениците имале можност да посетат тамошно радио и да учествуваат на низа дебати.

– Учениците учествуваа во низа активности поврзани со нашите локалитети, познати личности и настани на оваа поднебје. Покрај низата активности што ги имаа во радија, посетивме радио во Понтедера, имавме можност да посетиме и значајни места за оваа област. Имаа дебата дали може светот да биде поодржлив ако предвид се земат националните гордости, беа поделени во две групи, ги почитуваа правилата на дебатата и дојдоа до заклучок дека младите заедно со помошт на возрасните треба овој свет да го промовираат како културно место за живеење, изјави наставникот Младеновски.

 

Loading...

 

Учениците ова го опишуваат како можност да се стекнат со многу различни искуства, но и да уживаат во тамошните знаменитости.

– Имавме можност да посетиме локално радио каде секоја земја имаше за задача да издвои две познати личности. Ние ги издвоивме нашата музичка ѕвезда Тоше Проески и фудбалскиот мајстор Горан Пандев. Во попладневните часови ја посетивме кривата кула во Пиза, која на фотографиите изгледа прекрасно, но во живо нѐ остави без здив, вели ученичката Теона Тодоровска.

 

 

Убавото време на учениците им овозможи да уживаат и во убавините на италијанските плажи.

– Претпоследниот ден од оваа мобилност имавме можност да ја посетиме песочната плажа во Монтеросо и да се капеме во Тиранското море. Најголемиот дел од денот го поминавме таму на плажа и кога се вративме имавме доволно време во семејствата да се подготвиме за свечената вечера со традиционални јадења каде ни беа поделени и сертификатите за оваа мобилност, вели ученичката Лина Рангелова.

Loading...

 

 

 Ваквите размени на ученици се и одлична можност за запознавање со меѓусебните национални гордости, а кумановските гимназијалци тоа го искористија за промоција на македонските.

– Имавме можност да ги претставиме нашите гордости како Тоше Проески, Охридското езеро и Галичката свадба. Ги избравме овие гордости бидејќи најдобро ја претставуваат нашата држава, ги претставивме талентот и песните на Тоше Проески, традициите на Галичката свадба и убавината на Охридското езеро, вели ученичката Исидора Глигориевска.

 

 

Loading...

Учениците беа сместени во семејства на нивните врсници од Италија кои исто така се дел од овој Еразмус проек, а тоа им дава можност да го запознаат начинот на живот едни на други.

– Имавме можност да ги посетивме најубавите места и да се запознаеме со културата, нивниот јазик и начинот на кој луѓето живеат во самата држава. Бевме сместени кај деца, бевме пречекани гостопримливо и на домаќински начин. Најубав впечаток ми остави јадењето, особено појадокот кој секогаш започнува со кафе и нешто слатко, вели ученикот Мартин Костадиновски.

 

 

Она што кај учениците остави прекрасни впечатоци пред се е и архитектурата на овој италијански регион.

Loading...

– Ја посетивме изложбата на познатиот поп-арт уметник Енди Ворхол и одблиску се запознавме со неговите дела и неговата работа. Голем впечаток за мене остави градот Фиренца кој е зачеток на ренесансата, а архитектурата беше прекрасна и времето беше како застанато во минатото, изјави ученикот Андреј Гаревски.

 

 

Учениците и нивните наставници го реализираа проектот во период од 22ри до 29ти мај.

Loading...

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски