Кумановските гимназијалци вечерва со хуманитарен концерт

Сподели со своите пријатели

Музичките таленти на кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ во соработка со Фондација за култура и спорт при Општина Куманово вечерва ќе одржат хуманитарен концерт во салата на Занаетчискиот дом со почеток во 20 часот.

Loading...

– Ќе слушнете популарни мелодии во специфичен аранжман, а ќе имате можност да донирате средства во кутијата која ќе биде поставена пред влезот на салата во Занаетчиски дом, велат организаторите.

Гимназијалците ќе настапат за своите соученици и ранливите семејства во Куманово, а влезот е слободен.

Leave a Reply