Кумановските гимназијалци донираа 86 крвни единици на вчерашната акција

Сподели со своите пријатели

Вкупно 86 крвни единици вчера биле соберени на крводарителската акција на која учествувале матурнатите од Гимназијата „Гоце Делчев“.

Акцијата беше во реализација на училиштето во соработка со Црвениот крст на која се пријавиле вкупно 123 ученици, кога по извршените прегледи од страна на медицинските лица крв била земена од вкупно 86.

Ова е втора крводарителска акција во кумановската гимназија за оваа учебна година.