Кумановските гимназијалци дебатираа: Државен или приватен факултет? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Државен или приватен факултет? Студирање во Македонија или во странство? Ова беа прашањата на кои денеска во галеријата при Средното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Куманово се одржа дебата меѓу самите ученици заедно со неколку наставници, но и студенти кои веќе се пред дипломирање.

Loading...

 

 

Како што појасни наставникот по социологија Зоран Петрушевски, по две години пауза поради коронавирусот, дебатите повторно се враќаат меѓу учениците.

 

 

Loading...

Целта на ваквите настани, вели тој е учениците да научат да дебатираат, да ги анализираат туѓите мислења, но и да ги одбранат своите.

– Немаме претензија да откриваме некакви светски вистини, туку да научат, на своја кожа да почуствуваат, да кажат свое мислење пред поголем аудиториум, на непознати присутни луѓе. Во училницата тоа е многу поедноставно, овде тоа е многу ново за нив да претрпат она што се вели реплика на своја кожа, да пробаат да го одбранат своето мислење, да прават анализа на туѓи мислења, да ги соочуваат своите мислења и токму тоа е целта на сите овие наши дебати, изјави Петрушевски.

 

 

Заедно со своите наставници, но и со студенти кои се пред дипломирање или скоро дипломирани на државни и приватни универзитети, денеска се разви плодна дебата.

– Конкретно темата која денеска ја срочија е каде на факултет, во однос на тоа дали приватните или државните факултети се подобри за нивен избор и втората дилема е дали овде дома во Македонија или некаде на страна. Целите се тие, учениците ќе споделуваат претпоставувам свои искуства, имаме и гости на дебатата, тоа се веќе студенти, завршени или сѐ уште студираат на приватните и на државните факултети овдека во Македонија, појасни наставникот Петрушевски.

 

Loading...

 

Инаку, темите за дебата ги бираат самите ученици кои членуваат во т.н. дебатен клуб и ваквите настани ќе се организираат два пати месечно.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

текст: Никола Ивановски / фото: Стефан Младеновски

Loading...