Кумановските ”Бар гладијатори” се вратија дома со 18 медали (видео)

Сподели со своите пријатели

Членовите на “Bar Gladiators” тимот од Куманово, вчера се вратија дома со успешно деби од првиот Street workout натпревар од меѓународен карактер што на 18 јули се одржа во Ваљево, Србија.

Loading...

Момците ‘украдоа’ дел од шоуто и се вратија дома со 18 медали, од кои 6 први места, 9 втори и 3 трети места.

На својата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, момците изразуваат благодарност до сите кои им ја пружиле потребната поддршка за време на подготовките, како и пред, и за време на натпреварот.

Здружението на кумановските момци кои се занимаваат со street workout е формирано во јануари 2014 година, гордо носејќи го името ”Bar gladiators”.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.