Кумановските атлетичари со нови 11 медали, срушени рекорди и место во репрезентацијата (галерија)

Сподели со своите пријатели

Нови 11 медали пристигнаа во Куманово благодарение на Алетсккиот клуб чии членови ги собраа од Државното првенство за младинци кое се одржа на Националната арена – „Филип Втори“.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”391″]

 

Освен новите медали, кумановските атлетичари срушија неколку лични рекорди и постигнаа најдобри резултати, но и обезбедија место во репрезентацијата.

Личен и државен сениорски рекорд во фрлање диск постави Матеја Ефремовска со подобрување од четири метри. За неа ова е четврти срушен рекорд оваа година.

Натпреварот имаше за цел да избере репрезентација која ќе учествува на Балканското првенство, а свое место со врвните резултати го обезбедија Материја Ефремовска и Никола Стојановиќ.

Стојановиќ победи во дисциплината скок во височина, додека Милан Вељковиќ освен победата собори и личен ерзултат на 400 метри со пречки.

Инаку годинава Атлетскиот клуб Куманово постигнува огромен број медали, како на државно, така и на меѓународно ниво.