Театар Куманово во сабота вечер со претставата „Лето во кое те нема“ се претстави пред публиката во Театар Велес.
Loading...
Публиката реагираше одлично на актерската игра, и даде позитивни коментари по изведбата на претставата.
Претставата се одигра на малата сцена на народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.
Автор на претставата е Петар Андоновски, режија: Драгана Гунин, сценографија: Крсто Богојевски, драматизација: Ева Камчевска, музика: Гала Насева.
Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.
Во следниот период претставата ќе гостува и во другите градови, а ќе се игра повторно и на сцената во Театар Куманово.