Откако премиерот Никола Груевски најави дека средношколците во новата година ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар, со реакција на социјалните мрежи се огласи и Средошколскиот пленум од Куманово.
Од таму велат дека со вакви небулозни проекти и идеи премиерот нема да ги замолчи.
Пред се, среда е работен ден, кога средношколците нема да можат да ги користат вашите „поволности“. Потоа, средношколци има во сите градови на Р. Македонија, а не само во Скопје, сите нема да можат да ја користат жичарата на Водно – стои во реакцијата на Пленумот.
Тие прашуваат како овие проекти ќе помогнат во подобрувањето на образовниот процес. Порачаа дека ќе се вратат на улиците уште посилни, посплотени и попогласни со своите барања.