Груевски најави бесплатен превоз за студентите – пленумците велат ние не сме овци

Сподели со своите пријатели

Премиерот Никола Груевски во текот на вчерашното обраќање на академијата во пресрет на празникот свети Климент Охридски, најави бесплатен превоз за редовните студенти од државните универзитети и средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.

Loading...

-Сите редовни студенти од државните универзитети од идната година секој ден ќе имаат бесплатен јавен превоз за сите линии. Доделени ќе им бидат картички од јавните сообраќајни претпријатија, а Владата, за да се спроведе оваа мерка, ќе исплаќа трансфери на средства, рече Груевски.

Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти, но и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети во земјава.

 Од друга страна, Студентскиот пленум на социјалната мрежа Фејсбук вчера по објавата за бесплатен превоз, постираше своја реакција велејќи дека ја поздравуваат реформата, која според нив била очекувана да се донесе во последните десет години.

Ја поздравуваме реформата (бесплатен автобуски превоз за студенти) за која беа потребни 10 години да се донесе… Сосем случајно пред избори. Никола, да те потсетиме дека ние сме студенти, а не овци, напишаа пленумците на Фејсбук. 

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.