Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како Дино, единствениот оџачар во градот, ќе замине во хумана мисија во Кочани.
Негова цел е да исчисти 62 оџака во градот Кочани, а средствата што ќе ги собере да ги даде на повредените во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“.
– Како луѓе должни сме да си помагаме еден на друг во вакви ситуации. На 2 и 3 мај од изутрина до навечер ќе чистам, ако има потреба ќе продолжам уште еден ден. 62 оџака, препоставувам дека и тие луѓе што сакаат да донираат ќе ја искористат оваа прилика да си ги исчистат своите оџаци со професионална опрема, изјави Дино.
Дино е единствен оџачар во Македонија со лиценци од Франција и Србија. Како што додава, доколку има и други заинтересирани кои на овој начин би сакале да им помогнат на повредените од Кочани, можат да го контактираат, а наместо да платат, парите да ги донираат.
Заинтересираните граѓани можат да го контактираат на телефонските броеви 071-817-923 и 071-900-767.
Никола Ивановски